Јованоски победи на меѓународниот параглајдинг натпревар „Џирокастро 2019“

Изминатиов викенд во Џирокастро, Албанија, се одржа Меѓународниот натпревар во параглајдерство – дисциплина прецизно слетување.

Согласно правилата на ФАИ беа реализирани шест максимални серии со учество на 40 натпреварувачи од три балкански земји, меѓу кои и членови на македонската параглајдинг репрезентација.

Севкупен победник на натпреварот е Борјан Јованоски, член на Параглајдинг Клуб “Делта”, со вкупно 26 сантиметри, додека во женска конкуренција првото место го освои Александра Уфцеска член на клубот “Sky no limit”.

Одличен почеток на натпреварувачката сезона за македонските параглајдеристи, кои веднаш продолжуваат и со подготовки за следните натпревари, европски и светски купови.

Се вчитува...