Јовановски: Целта на ЕП е осминафинале, се понатаму ќе биде големо достигнување

Одбојкарската репрезентација на Македонија утре против домаќинот Финска ќе го стартува настапот на Европското првенство. Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски вели дека цел е пласман во вториот круг, а се понатаму ќе биде големо достигнување.

„Второ Европско различен град ист почеток против Финска. Долго и квалитетно се подготвуваме и сигурно сме позрели и поподготвени и верувам дека ќе го поминеме првиот круг. За мене целта на ова првенство е осминафинале, се понатаму е големо достигнување за оваа репрезентација. Почетокот е важен и отворањето против Финска. Верувам дека психички и физички се подготвени да отвориме со победа. Ќе биде тешко затоа што тие се домаќини, но верувам дека ќе го почнеме успешно Европското првенство,“ изјави Јовановски. 

Натпреварот меѓу Македонија и Финска кој ќе се игра во Тампере е закажан за утре во 18 часот.

Се вчитува...