Јовиќ: Наместо чекор напред, отидовме два назад

Металург не успеа да ја задржи позитивната серија и да стигне до посакуваната втора победа против Чеховски медведи. Иако ја имаа улогата на фаворити по победата над рускиот тим во претходното коло во ЛШ, „металурзи“ на домашен терен не одиграа на исто ниво и наместо планирана победа, завршија со неочекуван пораз (26-29). Александар Јовиќ кој во отсуство на Лино Червар го предводи Металург од клупата, спортски му честиташе на противникот и ги издвои пропустите на Металург.

Чеховски медведи денеска не надиграа и не победија во една чесна борба. Ние потфрливме во одбраната, борбеноста не ни беше на потребното ниво, а направивме и многу технички грешки во нападот кои беа казнети со контри и  со полуконтри. Исто така и нашите клучни играчи не беа на своето ниво. Треба да направиме добра анализа и да видиме што треба да се поправи за следниот натпревар“ – истакна Јовиќ.

Со победа во овој дуел, Металург ќе беше во игра за освојување на второто место во групата, но „металурзи“ ја испуштија шансата.

„Ни се укажа шанса за второто место во групата, но не ја искористивме. Приоритет ни е да играме подобро од натпревар во натпревар. Но ако досега одевме чекор напред, се се вративме два чекори назад. Тешко е да им се пренесе на овие млади играчи дека мора да играат максимално и во одбрана и во напад. Можеби тоа е и моја вина…“ – критички се осврна Александар Јовиќ.

Се вчитува...