Јунајтед донесе одлука: Роналдо нема да биде казнет за инцидентот на „Гудисон парк“

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо се наоѓа на голем удар од светската јавност затоа што по мечот со Евертон удри дете со аутизам и го повреди, а притоа му го скрши мобилниот телефон.

Од клубот излегоа со став дека Кристијано Роналдо нема да добие казна, бидејќи најчесто неговите реакции се поттикнати од провокациите на публиката, па поради слабата заштита од арбитрите, Португалецот е приморан сам да се брани.

Роналдо беше изнервиран поради поразот на Манчестер јунајтед, па го истури бесот врз невиното дете кое за првпат било присутно на стадион. Мајката на навивачот се пожали дека син ѝимал аутизам и поради овој потег планира да го тужи Роналдо, а во целиот случај се вклучи полицијата.

Освен полицијата, истрага ќе води и Фудбалската асоцијација на Англија, при што португалската ѕвезда би можела да добие жестока казна.

 

 

 

Се вчитува...