Се уште не е позната судбината на Мејсон Гринвуд во Манчестер јунајтед. Откако минатиот месец беше ослободен од обвиненијата за силување, младиот фудбалер се обидува да се врати на теренот, но нема да биде лесно.
Медиумите на Островот пренесуваат дека внатрешната истрага на клубот се уште е во тек, а Јунајтед се уште не одлучил што да прави со него. Сепак, постојат некои индиции дека тој би можел да остане таму, особено што клубот веќе одби неколку понуди.
„Атлетик“ пренесува дека неколку клубови од Турција испратиле понуди за 21-годишниот напаѓач, но дека челниците на Манчестер Јунајтед ги одбиле.
Гринвуд, кој е производ на академијата на клубот, нема играно од 22. јануари 2022 година и мечот со Вест Хем во кој „црвените ѓаволи“ победија со 1-0.
Тој има договор со клубот до летото 2025 година, со опција за продолжување на уште една година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА