Јунајтед го чува суперталентот: Гарначо потпиша нов договор до 2028 година

Манчестер Јунајтед успеа да го задржи најдобриот млад фудбалер во своите редови откако денеска потпиша нов договор со Алехандро Гарначо, 18-годишниот Аргентинец кој е сериозен дел од плановите за иднината на Ерик тен Хаг.

Гарначо му го донесе на Јунајтед трофејот во младинскиот ФА Купот на Англија минатата сезона, а годинава блесна и на сениорско ниво, настапувајќи на 29 натпревари за „црвените ѓаволи“ и постигнувајќи неколку значајни голови за Јунајтед. Тен Хаг инсистираше дека Аргентинецот заслужува поголема плата за награда, а откако беа надминати проблемите во преговорите за имиџ-правата денеска и официјално беше потпишан новиот договор, со важност до јуни 2028 година.

„Кога дојдов во овој неверојатен клуб, сонував за дебито за сениорите, за играње на „Олд Трафорд“, за постигнување на првиот гол… Многу сум горд што веќе ги доживеав овие моменти, заедно со моето семејство кое ми дава поддршка на секој чекор од оваа авантура. Сите сме пресреќни што престојот во Манчестер Јунајтед ќе продолжи уште долго, а јас веќе почнав со пишување на списокот со новите амбиции што ќе си ги поставам почнувајќи од наредната сезона. Среќен сум овде, се развивам во правилна насеока и му помагам на тимот да биде успешен“, изјави Гарначо по потписот на новиот договор.

Се вчитува...