Јунајтед ќе треба добро да плати ако го отпушти Солскјер

Оле Гунар Солскјер повторно ја доби довербата на управата на Манчестер Јунајтед, а една од причините што „црвените ѓаволи“ се уште не се решаваат на тренерска смена е што ќе мора да му платат богата отштета на норвешкиот стручњак.

Солскјер потпиша нов договор откако го извлече тимот од големата криза по заминувањето од Мурињо, но потоа „ѓаволите“ повторно имаа огромен резултатски пад, што продолжи и на стартот на новата сезона. Во договорот на норвешкиот стручњак има клаузула според која клубот треба да му исплати седум милиони фунти, што е двојно помалку од сумата што му беше дадена на Мурињо при неговото заминување од „Олд Трафорд“.

Доколку Солскјер си замине, главна желба на најтрофејниот англиски клуб е Масимилијано Алегри. Доколку екс-тренерот на Јувентус не се согласи на преселба на „Олд Трафорд“, тогаш вниманието ќе биде насочено кон Нагелсман од Лајпциг.

Се вчитува...