Јунајтед конечно најде купец за најголемата промашена инвестиција во историјата на клубот

Алексис Санчез игра мизерно уште од неговото доаѓање во Јунајтед од Арсенал. Чилеанецот беше најголемата ѕвезда во зимскот прeоден рок во 2018 година, кога го поништи договорoт со Манчестер сити и поради подобри финансиски услови го одбра вториот фудбалски гигант во градот – Јунајтед. Сепак, неверојатните 450 илјади фунти неделно го прават најплатен играч во дресот на „црвените ѓаволи“, што во моментов претставува огромна тешкотија за клубот.

Оваа сезона поранешниот играч на Барселона натпреварите на Јунајтед ги следи од трибините. Солскјер не го гледа во своите планови за иднината на клубот и се поизвесно е дека многу брзо Санчез ќе го напушти „Олд Трафорд”, со епитетот најголемо клупско промашување во историјата.

А, „црвените ѓаволи“ се пред една сериозна задача, како да го продадат Чилеанецот за кого никој во Европа не сака или не може да плати. Сепак, британски “Индепендент” наведува дека конечно е најден купец. Интер од Милано е сериозно заинтересиран за чилеанскиот офанзивец, но само под еден услов, да го намали својот финасиски апетит, бидејќи јасно е дека во Италија не можат да му понудат половина милион евра неделна плата.

Како што пишува весникот, Санчез би требало да биде замена за Мауро Икарди, а италијанскиот гигант е подготвен да изброи 60 милони евра за овој трансфер.

Се вчитува...