Фудбалерите на Манчестер јунајтед конечно победија во англискиот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа против Њукасл со 3-2.
Водство за домаќините од 1-0 донесе Коби Мејно во 31. минута. На 1-1 израмнија гостите преку Гордон во 49. минута, додека ново водство за домашниот тим донесе Амад Диало во 57. минута. На 3-1 зголеми Расмус Хојлунд во 84. минута, додека конечните 3-2 беа дело на Хол во 92. минута.
Manchester United [1] – 0 Newcastle – Kobbie Mainoo 31′
byu/PSGAcademy insoccer
Фудбалерите на Челси стигнаа и до четвртата победа во низа откако славеа на гостувањето кај Брајтон со 1-2. Водство од 0-1 донесе неверојатниот Кол Палмер во 34. минута, додека конечните 0-2 ги постави Нкунку во 64. минута. До крајот за издвојување е и директниот црвен картон кој го доби играчот на гостите, Рис Џејмс во 88. минута, што домаќините го искористија само да го ублажат поразот (1-2) преку Дани Велбек во 98. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА