Јунајтед купува двајца фудбалери на Лестер за 130 милиони фунти

Лестер летово го продаде Хари Мегваер на Манчестер Јунајтед за рекордни 85 милиони фунти, а „лисиците“ се подготвени за нови преговори со „црвените ѓаволи“ за продажба на уште двајца фудбалери од тимот на Брендан Роџерс. Станува збор за Џејмс Медисон и Бен Чилвел, фудбалери кои се наоѓаат на самиот врв од листата со желби на директорот Вудворд, кој е задолжен за трансферит на „црвените ѓаволи“.

Медисон се наметна како една од новите ѕвезди на Премиер-лигата, интерес за него покажаа и Ливерпул и Челси, па Јунајтед подготвил понуда од 100 милиони фунти за да ја победи конкуренцијата во оваа трка. Одличниот играч за врска ќе биде наследник на Пол Погба, кој наредното лето ќе си замине од „Олд Трафорд“.

Чилвел е одличен лев бек кој блеска во последните сезони во дресот на Лестер, неговата вредност изнесува 30 милиони фунти и би го добил местото во тимот на Лук Шо, кој воопшто не ги оправда очекувањата на „црвените ѓаволи“ по трансферот од Саутемптон.

Се вчитува...