Јунајтед му плаќа на Алексис Санчез, само да си замине од клубот

Манчестер јунајтед со сите сили ќе се обиде да се ослободи ова лето од чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез кој пред нешто повеќе од една година пристигна меѓу „црвените ѓаволи“.

Санчез доби огромна плата, како замена за Мкхитаријан, но како на „Олд Трафорд“ не покажа буквално ништо сега клубот сака да се ослободи од него.

Од Манчестер јунајтед се подготвени да му исплатат дури 13 милиони фунти само да си замине. Тоа е половина од сумата која во следните две години би ја добил согласно договорот. Со заминувањето на Алексис клупскиот буџет би бил значително олеснет.

За 18 месеци во Јунајтед, Чилеанецот одигра само 44 натпревари во сите натпреварувања со пет постигнати погодоци што е и тоа како мал ефект, во споредба со фактот дека заработува половина милиони фунти – неделно.

Се вчитува...