Јунајтед потврди: Кавани уште една година на „Олд Трафорд“

Единсон Кавани и во следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед откако денеска потпиша нов едногодишен договор со најтрофејниот англиски клуб.

Уругваецот пристигна минатото лето како слободен играч од ПСЖ, на стартот од сезонава не беше стандарден кај Оле Гунар Солскјер, но во изминатите месеци блескаше во нападот на „црвените ѓаволи“. Токму Солскјер ја одигра главната улога за тој да остане во Јунајтед, убедувајќи го да ја одбие понудата на Бока Јуниорс и да го продолжи својот престој на „Олд Трафорд“.

„Во текот на сезонава почувствував огромна поврзаност кон клубот и сето тоа што тој го претставува. Развив одличен однос со соиграчите и со стручниот штаб, чувствувам дека сите имаат доверба во моите квалитети, што ми овозможува да играм на највисоко ниво. Се уште немам одиграно меч пред публика на „Олд Трафорд“ и едвај чекам да го почувствувам тоа искуство“, изјави Кавани, кој сезонава веќе постигна 15 погодоци во дресот на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...