Јунајтед со една објава ги збесна своите навивачи… (видео)

Манчестер јунајтед денеска гостува на Лестер од 17 часот во Премиер лигата. Па од Јунајтед одлучија во пресрет на натпреварот да направат еден поглед наназад објавувајќи еден погодок од контранапад против Лестер. Но, погрешија…

Објавен е погодок на Анхел Ди Марија од мечот кој „црвените ѓаволи“ го добија со 5-3. Голот на Аргентинецот е спектакуларен, но откако замина во ПСЖ сега е најомразената личност на „Олд трафорд“. Па, навивачите веднаш реагираа преку социјалните мрежи искажувајќи незадоволство што клубот на своите официјални профили објавува потези на Ди Марија. Веднаш бараа истото да биде избришано…

Се вчитува...