Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд ја критикуваше работата на неговиот поранешен клуб.
Тој смета дека на јунајтед денеска му недостига култура во сите структури, која би направила култ од клубот, кој постоел додека тој бил дел од него, што влијаело и на резултатите на теренот. Тој исто така вели дека во последните десет години тимот од „Олд трафорд“ успеал да развие само еден фудбалер.
„Кога ќе ги погледнете фудбалерите што дошле во јунајтед во последните осум до десет години, не можете, а да не се запрашате кој од нив станал подобар од тоа што бил претходно и му пораснала цената. Јас би рекол само Бруно Фернандеш“, изјави Фердинанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА