И трет едноподруго натпревар по враќањето на Хрватот Јуриќ како тренер на Џенова, македонскиот репрезентативец Горан Пандев останува на клупата на џеновјаните.
Така е и вечерва на „Сан Сиро“ во Милано на дуелот против Милан. Па, Пандев на полувремето си го искористи слободното време да размени збор-два со поранешните свои соиграчи од Наполи, а сега членови на Милан, голманот Пепе Реина и аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин. Реина е на клупата за резервни фудбалери а Игуаин, очекувано, е во стартниот состав на Милан.
По 65 минути игра, резултатот на „Сан Сиро“ е 1-1. Поведе Милан уште во 4. минута со голот на Сусо, а Џенова израмни во 57. минута со автоголот на Ромањоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА