Јусеин Болт ги откри фудбалерите со кои би трчал штафета 4 х 100 метри

Светскиот рекордер на 100 метри, Јусеин Болт, по завршување на фантастичната спринтерска кариера се обиде и во фудбалот, но не успеа да добие договор во некој од европските клубови. Сепак, знае со кои фудбалери би трчал во штафета 4 х 100 метри.

„Ако треба да изберам тројца фудбалери кои ќе трчаат штафета 4 х 100 метри заедно со мене, тоа дефинитивно се Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе и Герет Бејл. Се разбира, јас сум четвртата измена“, истакна Јусеин Болт.

Спринтерот од Јамајка во 2018 година се обиде да се докаже на фудбалски план во еден австралиски тим, но многу брзо се откажа од намерата професионално да се занимава со најважната споредна работа на светот.

 

 

Се вчитува...