Јуве ја запре серијата од седум победи на Интер!

Интер имаше седум едноподруго победи во Серија А, но сето тоа запрено во Торино од кој друг, ако не од „Старата дама“. Јувентус во 23. коло од италијанското првенство стигна до триумф од 1-0 против „нераѕурите“ по кој дополнително се зацврсти на врвот од табелата.

Херој во победата на Јуве беше Квадрадо со евро-голот во 45. минута од средбата, кој на крајот се покажа сосема доволен за три бода.

Juan Cuadrado Goal – Juventus 1-0 Inter – 05… by sharmanher

По овој триумф, Јувентус има 54 бода на врвот од табелата, шест повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Наполи, додека на третото место е Рома со 47 бода. Интер остана на 5. место со 42 бода, колку што има и четвртопласираниот Лацио.

Се вчитува...