Јуве остана и без Манџукиќ за Ајакс

Јувентус ќе биде дополнително ослабен за утрешниот реванш натпревар против Ајакс, откако „старата дама“ по Џорџо Кјелини остана без уште еден многу важен првотимец. Станува збор за Марио Манџукиќ, кој поради повреда нема да може да настапи на утрешната битка за полуфинале против холандскиот гигант.

„Џорџо Кјелини не се рехабилитираше, но тоа не е единствениот проблем. Во меѓувреме се повреди и Марио Манџукиќ, кој нема да биде во можност да настапи утре“ – информираа од лекарскиот тим на „старата дама“.

Се очекува местото на Хрватот во стартниот тим да му припадне на Пауло Дибала, иако Аргентинецот во последно време се наоѓа во немилост на тренерот Алегри.

Се вчитува...