Јувентус без Влаховиќ за клучниот меч

Душан Влаховиќ заработи повреда во најлош можен момент за Јувентус, па српскиот репрезентативец нема да биде во комбинација за утрешниот дуел од Купот на Италија против Интер.

Информацијата денеска ја потврди и тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри, кој ќе мора да стартува повторно со Милик во нападот.

„Влаховиќ го повреди зглобот на последниот тренинг. Не знаеме колку долго ќе паузира, но извесно е дека тој нема да може да ни помогне против Интер“, изјави Алегри на денешната прес-конференција.

Првиот меч меѓу Јувентус и Интер во полуфиналето од Купот на Италија заврши 1-1, а реваншот се игра утре вечер на „Џузепе Меаца“ во Милано.

Се вчитува...