Јувентус го „мерка“ несреќниот Ѓокереш

Виктор Ѓокереш е несреќен во Арсенал и ќе побара веќе во јануарскиот преоден рок да си замине од лондонскиот клуб, најавуваат извори блиски до одличниот голгетер кој смета дека не добил шанса каква што заслужува од Микел Артета.

Ѓокереш имаше просечна дебитантска сезона во Премиер-лигата, но од август тој редовно ја грее клупата додека Артета му дава предност на Каи Хаверц. Швеѓанецот се чувствува изневерено бидејќи летово одбил неколку понуди откако добил ветување дека ќе добие шанса за докажување, па сега веќе почнал да размислува за зимски трансфер.

Целата ситуација будно ја следат во Јувентус, каде најавуваат дека се подготвени да тргнат во офанзива доколку Ѓокереш стане достапен за трансфер. „Старата дама“ има проблеми со напаѓачката позиција, Коло Муани игра катастрофално, а ниту новото засилување Волтермаде не се прослави премногу по доаѓањето од Њукасл.

Ѓокереш дефинитивно ќе биде скапо засилување, но „црно-белите“ од Торино веруваат дека можат да си дозволат еден мегатрансфер од над 60 милиони евра за да доведат врвен голгетер што со години ќе биде предводник на нападот на „старата дама“. На потег сепак ќе биде Арсенал, чии челници ќе треба да пресечат дали ќе дозволат заминување на Швеѓанецот среде сезона, особено ако се земе во предвид фактот дека Хаверц е склон на повреди во последните неколку години.

Се вчитува...