Јувентус го нуди Пјаниќ на Манчестер Јунајтед за да го врати Погба во Торино

Италијанскиот првак Јувентус ќе го понуди босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ на Манчестер Јунајтед во обид да стигне повторно до услугите на Пол Погба. Французинот подолг период најавува заминување од „Олд Трафорд“, водеше преговори со Реал Мадрид, но и Јувентус е во сериозна трка за да го врати во Торино.
Како што пренесува „Тутоспорт“, Јувентус понудил неколку фудбалери од кои Оле Гунар Сослкјер треба да одбере кој би дошол во Манчестер Јунајтед, како дел од евентуалниот трансфер на Пол Погба во спротивен правец. „Старата дама“ е согласна да се откаже и од Даглас Коста, Алекс Сандро, Адриен Рабио или Арон Рамзи, доколку тоа помогне при реализација на трансферот на францускиот играч за врска.

 

Се вчитува...