Јувентус го совлада ПСЖ, еврогол на Маркизио

Јувентус славеше над ПСЖ со 3-2 на ревијалниот натпревар што се играше во Мајами, како дел од „Меѓународниот Куп на Шампиони“.

Фановите на „Хард рок“ стадионот имаа можност да уживаат во одличен меч, во кој резултатот во финишот од првото полувреме го отвори Гонзало Игуаин. На 1-1 на стартот од вториот дел израмни Гуедеш, за Јувентус повторно да дојде во водство со евроголот на Маркизио.

Пасторе израмни на 2-2 со прецизен удар со глава, а конечните 3-2 ги постави Маркизио од пенал откако Кин беше соборен од Курзава во шеснаесетникот на „светците“.

Paris Saint Germain vs Juventus 2-3 Highlights… by allsporttv

Се вчитува...