Јувентус го враќа Донарума во Италија

Џанлуиџи Донарума летово како слободен играч го напушти Милан и се пресели во ПСЖ, но француската авантура на одличниот голман би можела да трае многу кратко.

Донарума дојде во ПСЖ како МВП на европскиот шампионат, но не успеа да се наметне како прва опција кај тренерот Покетино, кој продолжува да му дава предност на Кејлор Навас. Италијанецот досеа бранеше на само два меча и не го крие незадоволството од статусот на резерва, откако во текот на преговорите му било ветено дека ќе биде стандарден првотимец кај „светците“.

Јувентус будно ја следи ситуацијата, челниците на „старата дама“ се разочарани од настапите на Шчесни, кој воопшто не ја искористи укажаната шанса од новиот тренер Алегри. Поради ова, италијанскиот гигант сега бара начин да го обезбеди потписот на Донарума, иако тоа нема да биде нималку лесно. За Јуве е прифатлива и опцијата за позајмица во јануарскиот преоден рок, со целосен откуп во текот на летото, но прашање е колку пари ќе бара ПСЖ за фудбалерот кој доби богат при самиот потпис на договорот и трансферот како слободен играч од Милан.

Се вчитува...