Јувентус и Милан во трка за Иско

Шпанскиот репрезентативец Иско Алкоркон на крајот од сезоната би можел да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Серија А, пишуваат медиумите во Италија. За него сериозен интерес појавуваат Јувентус и Милан, кои се подготвени да наддаваат за неговиот потпис.

Јувентус подолг период бара креативен играч за врска кој би можел да ја пополни празнината со заминувањето на Пол Погба во Манчестер јунајтед, а Милан ја очекува финансиската инјекција од Кина вредна 320 милиони евра, со која сигурно ќе биде многу поконкурентен на фудбалскиот пазар во летниот преоден рок.

Иско има договор до јуни 2018 година, а засега Реал Мадрид не отпочнува преговори за продолжување на соработката. Доколку тоа не се случи до крајот на сезоната, тогаш „кралевите“ ќе мораат да го продадат, затоа што ќе влезе во последната година од неговиот актуелен договор.

Се вчитува...