Јувентус и Реал Мадрид се загреани за ’незадоволниот’ Даглас Коста

Бразилецот Даглас Коста јавно го истакна своето незадоволство во Баерн Минхен, откако тренерот Карло Анчелоти не му нуди стандардно место во првиот состав оваа сезона. Тој најави дека можеби и ќе си замине од „Алијанц арена“ ова лето доколку ситуацијата не му се промени, а два европски гиганти чекаат разврска со надеж дека можеби ќе го ’уловат’ бразилскиот фудбалер.

Актуелниот европски првак Реал Мадрид и италијанскиот шампион Јувентус се интересираат за неговите услуги, а тоа го потврди и агентот на Даглас Коста.

„Има доволно понуди, најмногу од Шпанија и од Италија“, напомена менаџерот на бразилскиот фудбалер.

Се вчитува...