Јувентус и Зенит не може да се договорат околу цената за Азмун

Иако беше блиску до преселба во Јувентус, сепак, Иранецот Сердар Азмун најверојатно ќе остане во Зенит барем до крајот на сезоната. Преговорите кои се во тек „запнале“ околу цената. За него Зенит бара 5 милиони евра, и покрај тоа што договорот му истекува на крајот од сезоната.

Но, од тимот од Торино не сакаат да ја платат таа сума, со оглед дека на лето ќе може да го ангажираат како слободен агент, и сакаат да платат помало обесштетување.

Азмун сезонава одигра 15 натпревари на кој постигна 7 голови и 1 асистенција. Голгетерот на Зенит го нарекуваат „иранскиот Меси“, а сериозен интерес за неговите услуги покажува и францускиот прволигаш Лион.

Се вчитува...