[two_third last=”no”]…[/two_third]
Италијанскиот првак Јувентус нема намера да го продаде Пауло Дибала ова лето, без разлика на сумата што ќе биде понудена. Ваква порака е испратена и за раководството на Барселона, која очигледно веќе се обидува да пронајде соодветна замена за Бразилецот Нејмар, со оглед дека е пред трансфер во Пари Сен Жермен.
Генералниот директор на „старата дама“, Џузепе Марота, потврди дека Аргентинецот нема да биде продаден.
„За Дибала одбивме многу понуди ова лето, и сите заинтересирани клубови го добија истиот одговор – тој не е не продажба. Среќни сме што го имаме во нашиот тим, и тој е иднината на Јувентус“, изјави Марота.
Јувентус се обидува и дополнително да ја засили навалната линија со ангажманот на Кеита Балде, напаѓачот на Лацио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА