Јувентус ќе го купи Левандовски како замена за Игуаин?

Италијанскиот првак Јувентус планира големи промени во навалната линија за следната сезона. Раководството на клубот ќе се обиде да го продаде голгетерот Гонзало Игуаин, а доколку успее во оваа намера, тогаш Роберт Левандовски од Баерн Минхен треба да биде неговиот наследник во Торино. Ова секако ќе биде тешка мисија за челниците на „старата дама“.

Аргентинецот Игуаин е проценет на околу 100 милиони евра, а во овој момент на таков начин може да „загризе“ единствено Пари Сен Жермен. Многу помала е веројатноста Игуаин да се пресели и во Премиер – лигата, каде прва опција би бил Челси, но само доколку Маурицио Сари седне на клупата на „сините“.

Од друга страна, и битката за ангажман на Роберт Левандовски ќе биде жестока. Јувентус ќе треба да излезе како победник во конкуренција со ПСЖ, Реал Мадрид, Челси и Интер.

Се вчитува...