Јувентус комплетно го откупи Даглас Коста

Бразилскиот интернационалец Даглас Коста и официјално е фудбалер на Јувентус со актуелен договор до 2022 година. Тој во изминатата сезона настапуваше за италијанскиот првак Јувентус како позајмен играч, а ова лето и комплетно стана сопственост на „старата дама“. За овој трансфер, раководството на Јувентус во наредните две години ќе му исплати 40 милиони евра на Баерн Минхен, поранешниот клуб на офанзивниот играч за врска.

„Јувентус го искористи правото за комплетно откупување на договорот на Даглас Коса де Соуза од германскиот клуб Баерн Минхен, за отштета од 40 милиони евра, платена во две години. Јувентус потпиша договор со фудбалерот до 30 јуни 2022 година“, се вели во соопштението од италијанскиот калчолигаш.

Се вчитува...