Јувентус лесно преку Удинезе, Несторовски гледаше од клупата (ВИДЕО)

Јувентус со головите на Дибала и МекКени го совлада тимот на Удинезе со 2-0, во последниот меч од италијанската Серија „А“ одигран вечерва на „Алијанц Стадионот“ во Торино.

Јувентус доминираше во текот на целиот меч, а во 19. минута преку Артур дојде до предност. Во 79. минута МекКени стави печат на победата на „бјанконерите“. Имаа уште шанси играчите на Јуве, меѓутоа не реализираа.

Нашиот интернационалец Илија Несторовски остана на клупата за Удинезе и на овој меч. Тој е пред заминување, и најверојатно ќе се приклучи на Лече во пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...