Јувентус не дозволи ново чудо во Џенова

Јувентус забележа нова победа во рамките од Серија А, откако „старата дама“ покажа дека ги научила ланските грешки кога станува збор за гостувањето во Џенова (2-4). Имено, лани Јуве беше растурен во првото полувреме и загуби со 3-1 од тимот на нашиот Горан Пандев, а слично сценарио се најавуваше и денеска, откако Џенова за седум минути поведе со 2-0.

Пјаниќ го постигна најбрзиот автогол во историјата на Серија А откако по само 20 секунди ја затресе сопствената мрежа, по акцијата на Пандев по десната страна. Веќе во седмата минута Џенова поведе со гол постигнат од пенал, но Јувентус за разлика од лани покажа фантастичен карактер и успеа да се врати.

Пауло Дибала намали на 2-1 на додавање на Пјаниќ, а потоа пред самиот крај на првото полувреме Манџукиќ изнуди пенал што Дибала го претвори во израмнувачки погодок. Манџукиќ имаше улога на асистент и при третиот гол, што беше дело на Квадрадо, пред Дибала во судиското продолжение да ги постави конечните 2-4, за свој хет-трик на овој натпревар.

All Goals & highlights HD – Genoa 2-4… by livefootball102-4 Paolo Dybala Hat-trick Goal 26.08.2017 HD by dailysuperkicknew

Се вчитува...