Јувентус почнува со тренинзите, но Роналдо не може да се врати во Италија

Јувентус и останатите италијански клубови од денеска добија дозвола да се вратат на тренинзите во очекување на продолжението од сезоната. Но, бранителот на титулата ќе почне без својата најголема ѕвезда.

Роналдо е „заглавен“ во родната Мадеира затоа што нема начин како да се врати во Торино. Приватниот авион на Роналдо е во Мадрид и веќе третпат му е одбиена дозволата да полета кон Португалија поради пандемијата на коронавирусот.

Авионот на Роналдо вчера дојде по персоналот кој се грижи за него и за неговото семејство и ги врати во Мадрид, но потоа не доби дозвола за второ полетување. Очекува овие проблеми да се решат во текот на денот, па Роналдо од утре да пристигне во Торино.

Но, и по враќањето во Торино, португалскиот фудбалер го чека карантин од 14 дена колку што ќе мора во самоизолација. Сите останати фудбалери на Јувентус кои престојуваа во Италија ќе можат веднаш на тренинг.

Се вчитува...