Јувентус сака да го купи Дани Себалјос

Италијанскиот првак Јувентус сака да го реновира средниот ред во летниот преоден рок, а покрај веќе договорениот трансфер на Арон Рамси од Арсенал, во план се уште неколку засилувања. Раководството на „старата дама“ отпочна преговори со Реал Мадрид за ангажман на Дани Себалјос. Шпанскиот фудбалер кој беше избран за МВП на Европското првенство до 21 година на кое учествуваше и Македонија, не доби вистинска шанса во составот на Реал Мадрид, па затоа и бара можност за промена на средината.

Јувентус е подготвен да понуди 25 милиони евра за Дани Себалјос и во летниот преоден рок да го доведе во Торино. Покрај италијанскиот тим, за Себалјос постои интерес и од Валенсија и од Севилја, а минатата зима беше интересен и за Милан.

Се вчитува...