Јувентус се вклучи во трката за Дони ван де Беек

Италијанскиот калчолигаш Јувентус влезе во трката за ангажман на фудбалерот за врска на Ајакс, Дони ван де Беек. За него сериозно беа заинтересирани Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но почетокот на коронакризата ги прекина преговорите. Сега и „старата дама“ би сакала да го има во Торино за следната сезона, а тренерот Маурицио Сари смета дека тој би бил одлично решение за маневарот доколку замине Миралем Пјаниќ.

Јувентус би можел лесно да избие и во прв план во трката за Ван де Беек. Реал Мадрид е фокусиран на тандемот Камавинга – Погба и се труди француските фудбалери да ги доведе во тимот, а Манчестер Јунајтед бара малку поинаков калибар на играч во средниот ред со оглед дека Дони ван де Беек има многу сличности со Бруно Фернандеш. Ајакс одреди сума од 50 милиони евра како отштета за овој фудбалер.

Се вчитува...