Јувентус тргнува по Дембеле, Барса се насочи кон Коман

Јувентус е сериозно заинтересиран да го доведе во својот тим фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле. Како што засега стојат работите, Дембеле е исклучен од активностите во првиот тим на „Камп Ноу“ бидејќи продолжува да негодува околу потпишувањето на новиот договор.

Францускиот напаѓач се опорави од повредата, но допрва треба да го одигра првиот натпревар оваа сезона за „каталонците“.

Јуве сака да го ангажира Французинот со слободен трансфер следната година, а Барса, пак, веќе го гледа Кинглси Коман од Баерн Минхен како можна замена.

Се вчитува...