Јувентус тргнува по Хари Кејн

Италијанскиот првак Јувентус во летниот преоден рок ќе испрати понуда за капитенот на англиската фудбалска репрезентација и на Тотенхем, Хари Кејн. Откако стана јасно дека Гонзало Игуаин не сака да се врати во Торино, раководството на клубот веднаш реагира и подготвува богата понуда за Кејн.

За него постои голем интерес и од Реал Мадрид, како и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Тотенхем нема да дозволи Кејн да си замине без отштета од најмалку 150 милиони евра.

Доколку не успее мисијата за ангажман на Хари Кејн, тогаш Јувентус има и резервни варијанти, да се обиде да го купи Габриел Жесус од Манчестер Сити или Мауро Икарди, кој е член на Интер, а како позајмен настапува за ПСЖ.

Се вчитува...