Во време на пандемијата од коронавирусот, на Италијанците после цели две години им стана спорен натпреварот меѓу Интер и Јувентус (2-3) кој за торинскиот клуб значеше освојување на шампионската круна во 2018 година.
Италијанските медиуми пренесуваат дека во центарот на скандалот е судијата Даниеле Орсато кој не му даде црвен картон на фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ по остриот старт над Рафиња. ВАР судиите јавија дека не е тоа за црвен картон, па Пјаниќ остана само со жолта опомена.
Околу овој случај се огласи и поранешниот шеф на обвинителството на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џузепе Пекораро.
„Ги баравме видео дијалозите меѓу ВАР судиите и Орсато, но материјалот го добивме дури во текот на следната сезона. И во датоката имаше се само не најважната работа, а тоа се разговорите меѓу ВАР судиите и Орсато. Кога повторно го побаравме, ни рекоа дека го немаат тој дел. Крајно сомнително“ – истакнува Пекораро.
Јувентус на тој меч триумфираше со пресврт. Следниот ден Наполи во Фиренца загуби од Фиорентина со што на „Старата дама“ и се отвори патот кон титулата во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА