Каде живеете, во Македонија или во Албанија?! – Олимпиецот Дарко Дамjановски го прашува Таравари

Олимпиецот Дарко Дамјановски кој денеска добил признание за спортски работник од општина Гостивар по манифестацијата објави бурна реакција на социјалните мрежи и го прозва градоначалникот, Арбен Тарави затоа што на настанот како што тврди се зборувало на албански јазик, а не бил овозможен превод на македонски.

„Денес во општина Гостивар после мои 3 олимпијади бев повикан од страна на нашиот каратист репрезентативец Берат Јакупи за да ми доделат плакета за спортски работник за кој сум му благодарен.Но, изразувам голем протест затоа што како МАКЕДОНЕЦ И МАКЕДОНЦИ што присуствувавме на оваа церемонија беше зборувано само на “АЛБАНСКИ” јазик па ги прашувам организаторите и градоначалникот ТАРАВАРИ дали живеат во МАКЕДОНИЈА или во АЛБАНИЈА и зошто немаше превод на македонски и дали советниците МАКЕДОНЦИ на ВМРО И СДСМ ќе седат рамнодушни на сево ова што се случи и дали ќе продолжат и понатаму да им гласаат за се во советот на општината.Нека слушне премиерот кој сега не води треба да го слшуне ова и да види дека тоа што им го даде го злоупотребуваат и не омаловажуваат МАКЕДОНЦИТЕ кои живеат тука“ – стои во објавата на Дамјановски.

Веднаш има реакција од градоначалникот кој објаснува дека се зборувало на албански јазик, но оти имало превод на македонски. Дури има и реакција од преведувачот кој бил ангажиран за преводот. Дискусијата трае подолго време и двете страни инсистираат на својата верзија на приказната дури и завршуваат во кавга.

 

 

Се вчитува...