Кадриу од Шкупи го засили Работнички

Работнички останува најактивен тим на „фудбалската берза“ во Првата лига откако „романтичарите“ го потпишаа и четвртото засилување за следната натпреварувачка сезона.

Флоријан Кадриу ќе атакува на место во навалната линија на тимот на Виктор Треневски, откако талентираниот офанзивец на Шкупи ги договори условите за едногодишна соработка со „романтичарите“. Тој ќе биде дел од експедицијата на Работнички на претстојните подготовки во Словенија, каде ќе се обиде да се наметне кај Треневски за настап на дуелите од квалификациите за Лигата на Европа.

Кадриу е четврто засилување на Работнички во овој преоден рок, откако претходно беа договорени и трансферите на Стојанче Велинов од Ренова, Томислав Илиев од Хоризонт Турново и Енис Дервиши од Шкендија.

Се вчитува...