Кај Жељко Обрадовиќ нема „попуст“: Од аеродром директно на тренинг!

Иако Партизан го совлада тимот на Будуќност во АБА лигата со 89-83, тренерот на „црно-белите“ најави дека некои играчи ќе добијат тренинг веднаш што пристигнат во Белград.

Тој истакна незадоволство од залагањето на поедини играчи, па затоа најави дека веднаш ќе ги испрати на тренирање.

„Рецептот е сите да бидат на високо ниво. Игравме пред неколку дена со Олимпијакос, учинок на играчите од клупата беше само три поени, така што јасно е дека кошарката не може да се игра само со пет играчи. Кошарката не е само кош, има тука уште многу сегемнти со кои може да му се помогне на тимот. Закажав наутро тренинг, право од аеродромот, па да видиме што се случува“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...