Како до мрежата – Франција пет меча не му дала гол на Уругвај

Франција и Уругвај ќе ги стартуваат четвртфиналните возбудувања на овој мундијал, но според традицијата не може да очекуваме премногу погодоци на дуелот што ќе се игра во Нижњи Новгород.

Франција постигна четири погодоци во осминафиналето со Аргентина, па „триколорите“ се надеваат дека голгетерите ќе им бидат расположени и на денешната пресметка со Уругвајците, против кои вообичаено тешко го наоѓаат патот до мрежата. Имено, на последните пет дуели со денешниот ривал француските фудбалери немаат постигнато ниту еден гол. Педантните статистичари пресметале, Франција е 484 минути без гол против Уругвај откако Туре ја затресе мрежата на Уругвајците во победата од 2-0, на мечот одигран на 21 август 1985 година.

Дидие Дешамп најави офанзивна формација со Гризман, Мбапе и Жиру, па останува да се види дали конечно ќе успеат да го најдат патот до мрежата на Муслера, кој на овој мундијал прими само еден гол (во осминафиналето, од Португалецот Пепе).

Се вчитува...