Како ја победивме Шкотска во 2008: Седлоски во статива, Илчо Наумоски во мрежа (видео)

Македонија и Шкотска ќе се сретнат вечерва во третото коло од Лигата на нации, во кое двете селекции влегуваат без постигнат погодок на првите две средби.

Традицијата вели дека досега имаме одиграно четири средби со овој островски ривал, со една победа, едно реми и два порази.

Единствениот триумф го имаме во септември 2008 година, кога успеавме да славиме над Шкотите со 1-0 благодарение на погодокот во раната фаза на натпреварот на Илчо Наумоски.

Тогашниот капитен, а сега селектор на Македонија, Гоце Седлоски, изведе слободен удар што заврши во дирекот, топката се одби до Наумоски кој рутински ја смести во мрежата.

Седлоски тогаш како играч се израдува на триумф над Шкотите, сега ќе се обиде истото да го стори како селектор. Свесен дека продлабочувањето на оваа голема криза може сериозно да му го затресе селекторското столче.

Се вчитува...