Како ќе се снајде Јунајтед без Рашфорд против Њукасл?

Манчестер Јунајтед во првиот меч по репрезентативната пауза ќе му гостува на негодниот тим на Њукасл, состав кој моментно е петтопласиран во Премиер-лигата и силно мотивиран да обезбеди место во ЛШ наредната сезона. Ерик тен Хаг се соочува со сериозни проблеми во пресрет на овој натпревар, бидејќи „црвените ѓаволи“ најверојатно ќе мора да настапат без двајцата стрелци од финалето на лига-купот против истиот ривал, Кашемиро и Маркус Рашфорд.

Кашемиро дефинитивно е „во аут“ по суспензијата за вториот црвен картон сезонава во Премиер-лигата, а огромни се шаните в недела да не може да настапи ниту Рашфорд. Одличниот голгетер се повреди на последниот дуел од ФА Купот против Фулам, потоа отпадна од комбинација за двете средби на англиската репрезентација, но рехабилитацијата во Манчестер не се одвиваше со посакуваниот интензитет.

Рашфорд воопшто нема тренирано со остатокот од тимот, тој работи индивидуално под специјална програма, а став на Тен Хаг е дека не треба да се ризикува со негов настап доколку не е стопроцентно подготвен. Јунајтед го очекува борба за трофеи во Лигата на Европа и во ФА Купот, па холандскиот стручњак не сака да ризикува да дојде до посериозна повреда и сигурно е дека Рашфорд нема да биде стартер во Њукасл, а мали се шансите тој да влезе во игра во второто полувреме на „Сент Џејмс Парк“.

Останува да се види како ќе се снајде Јунајтед без помошта на својот најдобар фудбалер сезонава, ако се знае дека Рашфорд има постигнато 25 погодоци и 7 асистенции во сите натпреварувања во дресот на „црвените ѓаволи“

Се вчитува...