Како не победи Њукасл, никому не му е јасно…

Њукасл и Евертон ремизираа 1-1 во меч во кој домаќините имаа целосна доминација, водеа во огромен дел од натпреварот, но не успеаја да го задржат водството до самиот крај. Исак постигна убав погодок и донесе предност на „црно-белите“, кои и по водечкиот погодок продолжија да доминираат. Се редеа шанси во шеснаесетникот на Пикфорд, беше постигнат и втор гол преку Бурн поради офсајд на асистентот Исак, по што казната стигна пред самиот крај.

Ешли Јанг беше непотребно фаулиран во домашниот шеснаесетник, ВАР снимките го натераа главниот судија да ја смени првичната одлука, а Калверт Луин од пенал успеа да го совлада Дубравка и да спаси бод за гостите од Ливерпул.

Нотингем ја прекина серијата од пет меча без триумф откако „шумарите“ со извонредно издание славеа над Фулам со 3-1. „Црвено-белите“ одиграа извонредно од самиот старт, поведувајќи со 2-0 преку Хадсон Одои и Вуд, по што исфрустрираниот гостински тренер Марко Силва уште во 30. минута направи дури три измени. Тоа не смени премногу, Нотингем поведе и со 3-0 преку Гибс Вајт, по што Фулам во второто полувреме само го ублажи поразот со голот што го постигна Адарабиојо.

Се вчитува...