Како Нејмар се загрева за Белгија (фото)

Изјавата на Нејмар дека не глумел на мечот со Мексико, туку навистина многу го заболело при ударот на Лајун уште повеќе ги мотивираше сеирџиите, кои продолжуваат со шегите на адреса на најдобриот бразилски фудбалер.

Така, денеска се појави и фотографија од тоа „како Нејмар се загрева за Белгија“… секако, легнат на тревата додека и соиграчите му се смеат.

Тешко е за верување дека фудбалскиот генијалец ќе промени нешто во својот пристап и навиките да лежи на теренот (пресметано е дека на овој мундијал вкупно 14 минути минал во ваква поза), но исто така и едно е сигурно – Нејмар повторно ќе биде главно оружје на „кариоките“ и против Белгија, по одличното издание на осминафиналниот дуел со Мексико.

Се вчитува...