Како работи Ајакс…Стрелците Ван де Бек и Де Лихт од пет години во дресот на тимот од Амстердам (ФОТО)

Прочуената фудбалска Академија на холандскиот гигант Ајакс повторно со блескави примероци. Тинејџерите на тимот од Амстердам му одржаа лекција по фудбал и на Јувентус во Торино, откако претходно го елиминираа и Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

И потоа Ајакс на Твитер објави фотографии од стрелците, Дони Ван де Бек и Матијс де Лихт, како од петгодишна возраст го носат дресот на клубот во најмалите возрасни категории од Академијата.

Се вчитува...