Шокантен момент во Португалија: Навивач влезе на терен и почна да ги удира фудбалерите (ВИДЕО)

Виторија Гимараеш го пречека тимот на Порто во најновото коло во португалското првенство. На крајот фаворитот го доби дуелот со 0-1, меѓутоа еден шокантен момент го одбележа дуелот.

При еден прекин, навивач без никој да го спречи влезе на теренот и почна да ги удира домашните фудбалери. Беа удрени двајца од нив, по што реагираше обезбедувањето кое брзо го совлада гледачот.

Ниту самите фудбалери не можеа да претпостават дека ова ќе се случи, но очигледно навивачот бил незадоволен од играта на своите миленици.

Се вчитува...