Манчестер Јунајтед ја откажа традиционалната вечера за крај на сезоната – нема што да слави

Манчестер Јунајтед ја откажа традиционалната вечера за крај на сезоната на која вообичајно присустуваат фудбалерите и фудбалерките на младинските и првиот тим, тренерите и стручниот штаб, остнатите вработени во клубот и спонзорите, и воедно на која се доделуваат наградите за најдобар фудбалер и фудбалерка на годината како и признанието за најдобар млад талент.

Причината за тоа е лошата сезона во која Манчестер Јунајтед беше елиминиран во групната фаза од Лигата на Шампионите завршувајќи на последното место во конкуренција со Баерн Минхен, Галатасарај и Копенхаген, доживеа и бројни порази во Премиерлигата па стравува за место во Европа следната сезона, но и со цел да се стави фокусот на финалето од ФА Купот, натпревар кој може да ја спаси сезоната на „црвените ѓаволи“.

Лошата сезона исполнета со бројни повреди го доведе до прашање и местото на Ерик тен Хаг во клубот. Дали холандскиот стартег ќе ја добие довербата од новото раководство на тимот ќе биде познато по крајот на сезоната.

Се вчитува...