Како Турците користат ВАР: Цел свет се смее на аматеризмот

Фенербахче славеше на свој терен против Аланијаспор со 2-1 на мечот од 17. коло во Суперлигата на Турција.

Но, моментот на дуелот се случи во 20. минута кога беше досуден офсајд за домашниот тим. Тиам успеа да постигне гол, но по реакција на ВАР беше оправдано поништен.

Сепак, многумина се изнасмеаја на сликата од ВАР системот како оправдание зошто голот бил поништен. Неверојатно е како системот подвлече линија за офсајд која го изнасмеа светот.

Поради тоа не е тајна мислењето дека ВАР системот најлошо се користи во Турција, а ова е само еден доказ за тоа.

Се вчитува...