Каков гол: Ракометна магија на Дејан Манасков (видео)

Дејан Манасков дефинитивно ќе биде во конкуренција за „гол на сезоната“ во Лигата на шампионите по ремек-делото на македонскиот репрезентативец на денешниот осминафинален дуел со Спортинг Лисабон.

Се играше финишот од првото полувреме кога Веспрем изведе брз центар, Манасков се најде „очи в очи“ со гостинскиот голман и со шут од зад грбот ја смести топката во мрежата.

Веспрем се пласираше во четврт-финалето од ЛШ откако и на вториот натпревар беше подобар од Спортинг триумфирајќи со 35-29, меч во кој Манасков четири пати се запиша меѓу стрелците.

Се вчитува...